17 МАРТ ПРЕМИЕРА НА СЕРИЈАТА "ТАБУ" НА КАНАЛОТ HBO

Долго очекуваната и фалена хит серија на Том Харди "Табу" (Taboo) гледајте ја премиерно на каналот HBO од 17 март во 20.00. Нови епизоди ве очекуваат секој петок во ист термин.

Дејството на мрачната, надреална кратка серија „Табу“ се одвива во 1814 година и го прикажува Џејмс Кезија Делани (Том Харди), човек кој одел во најдалечните места на земјата и се вратил неповратно изменет. За него се мислело дека е одамна мртов, но се вратил дома во Лондон од Африка за да го наследи тоа што останало од бродската империја на татко му и повторно да си го изгради животот. Но, наследството на татко му носи проблеми, а непријателите го демнат на секој чекор, па Џејмс мора да се бори за да ја избегне смртта. Опкружена со завери, убиства и предавства, една мрачна семејна мистерија се развива во приказна за љубовта и предавството

Главни улоги: Том Харди, Лео Бил и Уна Чаплин

Извршни продуценти: Ридли Скот, Стивен Најт и Том Харди

Серијата е создадена од: Стивен Најт, Том Харди и Чипс Харди

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk