Втората сезона на "Убијците на татко ми" на новиот канал ТОP од 18.12.

Најпопуларните серии во светот, како што се Game of Thrones, Narcos или House of Cards, се прикажуваат на кабелските канали или платформи каде што бележат постојан раст на рејтинзите и ги пробиваат сите познати граници на гледаност на телевизиската програма.

Овој тренд пристигна и во нашиот регион. United Media (SK, N1, Grand, Cinemania, Fight Channel, iDJ, Лов и риболов) го стартуваат новиот ТОП канал, кој годишно ќе емитува 2 до 3 премиерни високобуџетни регионални серии, како и оригиналната забавна програма на регионалната продукција (дневен квиз, кулинарски шоу итн.) и најгледаните светски серии. Топ каналот влегува на голема врата со емитување на втората сезона од серијата која минатата година ги скрши сите рекорди на гледаност во Србија - Убијците на татко ми, со првата епизода што ќе се емитува на 18.12!

Покрај Убијците на татко ми, гледачите ќе можат да ги следат и хит сериите Homeland, Sons of Anarchy,  Државна работа, Одмори се, заслужи, Bron, Gomorrah, Hell on wheels  и многу други изненадувања.

Топ каналот ќе се емитува во четири земји во регионот: во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, почнувајќи во SBB, Telemach, Total TV и D3i. Додека каналите од овој тип во светот дополнително се наплаќаат, платформите на кои ќе започне со емитување овозможија TOP каналот да се најде веќе во основната понуда.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk