Започнува "Попладне со Леа Киш"

Водителката Леа Киш стана новото лице на ТВ Grand, каде што ќе го уредува новиот talk show "Попладне со Леа Киш". Првото шоу ќе биде емитувано во недела, 25.3. во 18 часот, а Леа не ја крие возбудата пред почетокот на првата емисија.

"Се чуствувам одлично и со нетрпение ја очекувам новата емисија. Секоја промена е нов предизвик, така да и овој пат имам позитивна трема. Убедена сум дека шоуто ќе има добар рејтинг и дека ќе им даде интересни содржини на гледачите. Како и досега, гости на моето шоу ќе бидат познати личности од сфери на јавниот живот ", изјави Леа, која во првата емисија ќе покани многу пејачи: Катарина Грујиќ, Зорана Павиќ, Сузана Јовановиќ, Марина Тадиќ, Рада Манојловиќ, Немања Николиќ," Амадеус бенд , како и сексологот Јован Мариќ.

За новата емисија, по желба на Леа е изработено студиото , а водителката е сигурна дека гледачите ќе бидат воодушевени со новите содржини.

"Мислам дека ќе направиме добра шоу програма во ова студио", со насмевка изјави водителката.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk