Прв прав teenage канал

Во вторник, 17 април, United Media започнува со емитување на Vavoom - првиот прав канал за тинејџерите. Избирливата тинејџерска публиката ја очекува најатрактивната содржина што ги следи светските трендови и одговара на проблемите со кои се соочуваат младите денес. Програмата се состои од хумористични и young adult серии, популарни цртани филмови и забавни емисии за публика која инсистира на автентична и разновидна содржина со која може да се идентификува.

Каналот Vavoom ја подготви програмата според вкусот на секого. Тинејџерската публика ќе може да ужива во реалити шоу “America’s got talent”, кој постигна планетарна популарност. Наскоро на Vavoom пристига и talent show програма "X factor" со интересни натпреварувачи и жирито во потрага по оние кои имаат "X фактор". За сите авантуристи тука е реалити програмата “Fort boyard” со возбудливи задачи и подготвени тимови кои ќе се судрат со многу пречки со цел да се постигне крајната цел.

Љубителите на ситкомите ќе можат да го следат возбудливото созревање на маладата Sadie во популарната серија „Sadie J“, како и кариерата на амбициозната пејачка Тори во ситкомот „Victorious“, додека авантуристите ќе можат да уживаат во емисијата „Officialy amazing“ кое ги следи најинтересните рекорди на Гинис снимени со камера. На новиот канал, исто така, ќе може да го следите и "Wolfblood", young adult серија која, со елементи на фантазијата, ги прикажува сите предизвици на тинејџерската возраст.

Публиката, исто така на каналот Vavoom , ќе може да го гледа цртаниот филм "Rabbids invasion" и „Stanley Dynamic“, „Fangbone“ научно фантастичен цртан филм, комедијата „100 things to do before high school“ и уште многу интересни серии и емисии.

Vavoom се емитува на Total TV и преку платформата EON за која претплатниците на Total TV можат да се пријават на: https://totaltv.tv/n414/EON

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk