Нов цртан филм na Сергеј Kетковиk - "Лола и Мила" ексклузивно на каналот Pikaboo

Познат пар, Сергеј и Кристина Четковиќ заедно со каналот Pikaboo на малите екрани носат сосема ново искуство за сите деца -  цртан филм "Лола и Мила". Првата епизода премиерно ќе биде прикажана во понеделник, 21. мај ексклузивно на каналот Pikaboo.

Низ десет епизоди кои ќе се прикажуваат секој ден од 07:35 и во уште неколку термини во текот на денот, публиката ќе може да ги следи случките на главните хероини Лола и Мила.

 "Цртаниот филм" Лола и Мила "претставува проект на кој мојата сопруга Кристина и јас, со врвен тим заедно работеа во изминатите години и на кој сум многу горд. Прошлата година е завршена сликовницата "Што е поблаго од колачи", врз основа на која е направен и едукативниот цртан филм за деца. Ние го нарековме по нашите ќерки, а секоја епизода која ексклузивно ќе биде емитувана на Pikaboo каналот, ќе има посебна поука и приказна, изјави Сергеј Четковиќ.

Новиот цртан филм "Лола и Мила" на Сергеј и Кристина Ќетковиќ, како и богатите детски забавни содржини можете да ги следите на каналот Pikaboo, кој е достапен на корисниците на Тотал ТВ.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk