Нова сезона на Премиер Лига на Sport Klub

И оваа сезона највозбудливата фудбалска Лига на светот можете да ја следите исклучиво на каналите на Sport Klub. Сè започнува на 10 август со дуелот на Манчестер Јунајтед и Лестер.

Покрај преносот на сите мечеви, најави и преглед на колото, екипата на Sport Klub подготви низа специјализирани емисии: "Магазин на Премиер Лига", "Netbusters" и "Match Pack" со приказни за сегашните и поранешните играчи, статистики и најдобрите стрелци.

Пред љубителите на фудбал се 38 кола на спектакуларна сезона, големи борби и возбудувања. Титулата ја брани екипата на Манчестер Сити. Тимот на Пеп Гвардиола беше апсолутно доминантен во претходната сезона, но се чини дека оваа ќе има многу потешка работа.
Дали Ливерпул може да дојде до титулата, која ја чека од 1991 година? Дали Тотенхем и понатаму ќе може да се спротивстави на најголемите ривали? Кој ги донесе најдобрите одлуки во преодниот период?

Гледајте го првиот натпревар од сезоната Манчестер Јунајтед и Лестер, во петок на 21:00 на SK1.

premier league - sport klub - 2018 - 2019

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk