Третата сезона на "Убијците на татко ми", премиерно на ТОP канал од 12.11.

По многу успешната прва и втора сезона, екипата на најгледаната крими серија  на нашите простори "Убијците на татко ми" повторно се враќа на малите екрани во нова, трета сезона веќе на 12 ноември, а новите епизоди ќе бидете во можност да ги следите ексклузивно само на ТОP канал, секој понеделник во 20 часот.

Во долгочекуваното продолжение на серијата, инспекторот Александар Јаковљевиќ решава нов случај на убиство на истакнатиот лекар кој продолжува во неколку насоки со неочекуван пресврт на крајот. Преку овој случај, серијата драмски го опфаќа односот помеѓу јавниот и приватниот сектор во оваа област. Паралелно со ова, се одвива голема војна помеѓу нарко клановите околу борбата за преземање на пазарот на дрога од што Марјановиќ долго време се обидува да го тргне, но тоа е невозможно. Минатото од кое Александар, без обзир на се никогаш не успеа да го заборави, бидејќи никогаш не беше разјаснето убиството на неговиот татко Миле, некогашниот шеф на одделот за наркотици, повторно тропа на вратата. Дознајте ја болната вистина која менува се!

Следете го возбудливото продолжение на авантурите на инспекторот Александар Јаковљевиќ и откријте каде се крие вистината оваа сезона!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk