UNITED MEDIA СТАРТУВАШЕ НОВ КАНАЛ ЗА ГЕНИЈАЛЦИ – BRAINZ

Нов канал за генијалци-Brainz, денеска официјално започна со емитување на програмата. Создаден како резултат на соработката на United Media и "Српска научна телевизија", Brainz има за цел да го привлече вниманието на јавноста на генијалците од Србија и нивните достигнувања.

"Многу сум среќен што "United Media" го препозна потенцијалот на еден проект кој до сега беше наречен"Српска научна телевизија", а денес Brainz TV. Нашата првична идеја беше промоција на науката, образованието и културата. Ние свесно избравме непрофитен начин, верувајќи дека тој е единствениот начин да ја разбуди јавната свест за важноста на образованието.Го привлековме вниманието на компанијата "United Media", којаодлично ја разбира нашата мисија и сака да поддржи еден ваков проект, свесна за неговата поширока општествена важност. Така да, на мое големо задоволство, добивме партнер кој е подготвен да го инвестира сиот свој потенцијал во областа на науката, културата и уметноста на Србија, со посебен акцент на "амбасадорите" на знаење-младитегенијалци.Верувам дека содржините на каналот Brainz, преку емисии како Шампиони на знаење, CV научници, Academy, Brainz art, како и бројни други серии во кој улогата на водител ке ја преземат најдобрите студенти на биологија, географија, медицина, ќе влијание врз јавната свест и ќе придонесе за популаризација на науката и образованието. Во исто време, се надевам дека операторите ќе ја препознаат важноста на содржините кои ги креираме и ќе го додатат Brainz во нивната програмска понуда."- изјави д-р Живојин Жика Петровиќ, директор и главен уредник на каналот Brainz.

Поддршкатаја дадеи ректорката на Универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ, која присуствуваше на презентацијата на каналот: "Имам голема чест да имам можност да се обратам во овој важен момент кога образованието добива ново место во медискиот простор на Србија. Од исклучителна важност е да се вложи дополнителен труд на секое ниво и форма на образование, а Brainz TV, се надевам, ќе ја промовира науката на одговорен и во исто време популарен начин. Младите луѓе ќе имаат можност во другите врвни ученици да најдат одлични узори и ја разбудат љубовта кон некоја од научните гранки."

Емисиите од образовен карактер од оригиналната продукција на Brainz, ќе го промовираат она најдоброто што го има Србија - успешни ученици, студенти, научници, но и актуелни светски трендови во светот во областа на науката, културата и уметноста.

Промоцијата на каналот Brainz која се одржа во конференциската сала на Ректоратот на Универзитетот во Белград, беше можност за претставниците на медиумите и експертската јавност да се запознаат со содржината на каналот и плановите за во иднина.

Каналот Brainz од сега можете да се гледате на SBB, Total TV, EON, D3i, Telemach, NetTV Plus, Telemark, Oskar Net, SunCo, Mad Net, Orion Telekom, Victory Media, Smiley TV, Exe Net, Av Com, Sat Trakt и многу други платформи.

Запознајте ги нашите генијалци – веќе од денес на каналот Brainz!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk