Новата година носи нови серии на TOP канал

TOP канал, за почетокот на 2019 година, подготви изненадување за своите гледачи и почна да емитува две сосема нови серии - хрватската "Стела" и данската "Рита", но исто така го носи и долгоочекуваното продолжение на популарната и наградуваната серија "Татковина".

Љубителите на оваа американска серија, кои имаа можност на TOP канал низ шест сезони да ја следат агентката на ЦИА, Кери Матисон, ќе уживаат во продолжението на овој политички трилер од 8-ми јануари.Новата сезона, која гледачите ширум светот ја имаат оценето од  како најдобра до сега, има 12 епизоди и ќе се емитува во работните денови од 21 часот.

Од 9 јануари во 20 часот, започнува емитување на серијата "Стела", која пристигнува од продукцијата на хрватската телевизија Нова, една од членките на компанијата United Media. Во музичко- драмската серија од авторката Јелена Вељача, гледачите ќе го следат животниот пат на две млади, талентирани девојки на пат кон ѕвездите во музичкиот натпревар "Стела" - едната се бори за мајчиниот живот, а другата за мајчината љубов.

Стела носи интригантни, забавни, но и трогателни моменти кои ги освојуваат срцата на гледачите на сите генерации.

TOP канал на мали екрани во регионот ја носи и политички некоректната данска серија за наставничката во основното училиште "Рита". Таа е омразена помеѓу родителите, експертите и сите тие што се обидуваат да ја контролираат. Меѓутоа, учениците ја обожаваат затоа што знаат дека таа се бори за нив. Рита е вечна бунтовничка, поради што често влегува во конфликти, можеби затоа што и самата е сеуште дете.

Серијата ќе се емитува за време на викендите од 19 часот а првата епизода ќе биде на програмата 12 јануари.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk