ПОЧНУВА СО ЕМИТУВАЊЕ SK ESPORTS - ТВ КАНАЛ ПОСВЕТЕН НА СВЕТОТ НА ESPORT И ВИДЕО ИГРИ

Esports Balkan League, EU Masters, Epicenter Major, GG, Sa1na, Guh Sayian и Donn - се само некои од турнирите и лицата кои ќе можете да гледате на новиот SK Esports канал.

Навивачите на гејминг и esport конечно ќе добијат специјализиран ТВ канал што го заслужуваат, бидејќи од 22-ри јуни почнува со емитување Sport Club Esports - телевизија посветена на светот на esport натпревари и видео игри.

Содржината на каналот ќе биде прилагодена на гејмерите од сите интереси и возрасти, така што гледачите ќе можат да очекуваат преноси од најголемите европски и светски esport натпревари, gameplay на популарните домашни стримери, како и емисии од забавен и информативен карактер.

Љубителите на LoL натпревари особено ќе ги израдуваат директните преноси на сите натпревари од Esports Балканската Лига, најголемиот регионален League of Legends натпревар на Балкан, како и локализирани преноси на најголемите европски и светски турнири во Counter Strike: Global Offensive и Dota 2.

На програмската шема ќе се приклучат и големите регионални стримери како Милош "Sa1na" Шаиновиќ, Иван "GUH Sayian" Илиќ и Стефан "Donn" Стојиљковиќ.

Слоганот "ПОВЕЌЕ ОД ИГРА" ја опишува самата големина на оваа модерна индустрија. Минатата година, гејминг индустријата заработи околу 116 милијарди долари, што е повеќе од музичката индустрија (17 милијарди) и филмската индустрија (41 милијарди) заедно. Светскиот пазар во моментов се проценува на 2,4 милијарди љубители на гејминг, од кои дури 380 милиони ги следат натпреварите и esport содржините.

Esports Балканската лига, како едно од најголемите регионални натпревари, досега сподели преку 120.000 евра преку наградниот фонд, а секоја сезона има над 200.000 гледачи.

Дека регионот е плодна почва за талентирани играчи сведочи присуството на нашите играчи низ Европа и светот, како и за успехот на домашниот тим cr4zy (Valiance & CO), кој во моментов е меѓу првите 20 CS: GO екипи во светот.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk