Cinemania на 15-ти јануари во HD резолуција

Уживањето во гледање филмови и серии на најстариот екс Ју филмски канал - Cinemania од 15-ти јануари ќе биде многу поквалитетно бидејќи овој канал започнува да се емитува во HD резолуција.

Cinemania прикажува холивудски блокбастери, култни филмови, дела од врвни светски режисери, детски филмови и популарни серии. Покрај долгогометражните содржини, програмата вклучува и разновидни кратки, интересни форми - емисии за филм, топ листи за гледаност, материјали од снимања на холивудски филмови како и најави на кино хитови.

Сите претплатницивеќе во рамките на основниот пакет до крајот на овој месец ќе имаат можност да гледаат некои од светски познатите наслови како што се трилогијата “Играј ја својата игра”  (Ocean’s Eleven, Twelve, Thirteen), “Хари Потер и Редот на фениксот”,  “Враќањето на Супермен” како и филмот “Сексот и градот” и сето тоа во HD резолуција.

Позицијата на каналот останува непроменета, корисниците можат да го најдат на позицијата број 14.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk