„Убијците на мојот татко 4“ од 2. март на каналот Nova S

По големиот успех од првите три сезони, пред нас е четвртото продолжение на популарната крими серија “ Убијците на мојот татко 4“.

Во најновото продолжение, не очекува нов случај, нови ликови и заплети но и разоткривање на некои стари тајни. Авторите најавуваат поцрна сезона од сите претходни, со многу повеќе акциони сцени.

Овој пат ќе ја следиме истрагата за силување и убиство на млада студентка, а паралелно со оваа приказна, војните на старите криминални кланови. Исто така, случајот со откривање на убиецот на таткото на инспекторот Јаковлевиќ останува еден од приоритетите што инспекторите Александар Јаковлевиќ и Мирко Павловиќ се обидуваат да го откријат и како и досега да останат на страната на правдата.

Во старата актерска екипа се вбројуваат Вук Костиќ, Марко Јанкетиќ, Тихомир Станиќ, Славко Штимац, Мирјана Карановиќ, Бранислав Томашевиќ, а му се придружува и Слобода Миќаловиќ во улогата на Дуња, инспектор по крвни и сексуални деликти која е одговорна за откривање и пронаоѓање на силувачот. Нејзиниот лик е силна и способна жена која неуморно работи за да им помогне на жртвите на непознат криминалец. Нови ликови ќе играат и Воја Брајовиќ, Борис Комнениќ и Александра Пријовиќ.

Гледачите ќе можат да ја проследат новата сезона премиерно на каналот Nova S  од 2. март, секој понеделник во 20 часот. Првата епизода ќе биде достапна и на 28 февруари на порталот Nova S , кој е предвидено да започне да работи од тој ден. Посетете го порталот  Nova S на www.nova.rs.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на contact@totaltv.mk