Тотал Тв ќе ја покачи цената на претплатничките пакети

Почитувани,

Ве известуваме дека од 01.05.2021 година, Тотал Тв ќе ја покачи цената на претплатничките пакети.

Цената на СТАРТ пакетот ќе се зголеми за 60 денари и ќе изнесува 359 ден.

Понудата во овој пакет ја збогативме со три нови ТВ канали – детски канал Vavoom, Лов и риболов и National Geographic HD.

Продолжете да уживате во 39 ТВ канали од пакетот Start, од кои 10 се во HD резолуција. Меѓу нив, најбарани се домашните МРТ, АЛФА ТВ, ТВ 24 Вести и странските канали Гранд, Нова М, Нова БХ, Н1 Хрватска, Спорт Клуб Е-Спортс, Бреинз и други.

 

Цената на ЕКСТРА пакетот се зголемува за 100 денари и во иднина ќе изнесува 699 ден.

Продолжете да уживате во најбараната ТВ-содржина на 100 канали во Екстра пакет, од кои 31 во HD резолуција. Омилената ТВ-програма можете да ја гледате и преку мобилната апликација ЕОН во кое било време и на кое било место, на вашиот мобилен телефон, таблет и компјутер.

Само со ТОТАЛ ТВ, во Екстра пакетот, гледајте ги Спорт Клуб каналите и најбараните спортски содржини – Премиер лига, Европско првенство во фудбал, Формула 1 шампионатот и други најпопуларни спортски натпреварувања.

Емисиите „Вечер со Иван Ивановиќ“, „Впечаток на неделата“, „Помеѓу нас“, „Балканска улица“ и други се емитуваат на Нова С, а најновите, точни и независни вести на Н1.

Покрај тоа, имате пристап до најдобрите домашни и странски забавни канали, вклучувајќи ги МРТ, АЛФА ТВ, ТВ 24 Вести, Гранд каналите и Нова ТВ Хрватска, информации, спортови, вклучувајќи ги и Eurosport каналите, филмови и серии, вклучувајќи ги Фокс, реалити и детските канали Pikaboo и Vavoom.

 

Цената на ПРЕМИУМ пакетот ќе се зголеми за 99 денари и ќе изнесува 999 денари.

Уживајте во најбараната ТВ-содржина на 111 канали во Премиум пакетот, од кои 40 се во HD резолуција.

Доколку немате Пинк пакет – ви подготвивме одлична акција.  Обновете го вашиот договор и добијте Пинк пакет со 27 канали за 24 месеци промотивно и заштедете повеќе од 5.900 денари.

 

За повеќе информации, посетете го totaltv.tv/mk или јавете се во Контакт центарот на (02) 30 63 000.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Овде сме за сите ваши прашања и сугестии

ПОБАРАЈТЕ НЕ

Јавете се во нашиот контакт центар на (02) 30 63 000

ПОСЕТЕТЕ НЕ

Посетете го нашиот изложбен салон, ве очекуваме.

ПИШЕТЕ НИ

Пратете ни е-маил на [email protected]