ТВ Клан Македонија отсега дел од програмската шема на Тотал тв

Ја збогатуваме нашата програмска понуда со нов ТВ канал – Клан Македонија, кој од денес е достапен на сите Тотал ТВ претплатници на позицијата 11.

Клан Македонија е телевизиски канал на албански и македонски јазик кој емитува вести, популарни ток шоу емисии, документарни филмови, спорт, забавни вести и уште многу повеќе.

Убедени сме дека ќе уживате во новиот ТВ канал и во останатите содржини на Тотал ТВ.