Два нови канали за љубители на мода и добра музика

Отсега уште повеќе забава за љубители на мода и добри ритмови! Ви претставуваме два нови канали во рамките на FilmBox пакетот – 360 Tune Box и каналот FashionBox.

Од урбаниот хип-хоп, до поп, indie rock и електронската музика, загрејте се со ритмовите кои ќе го следат ритмот на вашиот ден. Погледнете надвор од мејнстримот со новиот музички канал 360 Tune Box.

Од друга страна, најпознатите дизајнери, премиум модни брендови и забава со топ модели ги очекуваат сите трендсетери на каналот FashionBox.

Искористете ја оваа фантастична можност и по непроменета цена на пакетот уживајте во новите канали. FashionBox можете да го следите на позиција 166, додека каналот 360 TuneBox се наоѓа на позицијата 167.